Uncategorized @mk

Среќни сме да објавиме дека Стоматолошката ординација Др.Целакоски од неодамна се опреми со Sirona Galileos 3D компјутерски томограф, ултимативен CBCT апарат наменет за унапредување на секојдневната стоматолошка пракса. Моќната технологија и новиот начин на доживување на рентгенографската дијагностика што го овозможува овој апарат, го забрзува континуираниот процес за достигнување на златните стандарди на светската стоматологија, и тоа од општите стоматолошки интервенции па се до најсложените имплантолошки процедури.

Со големиот сверичен волумен од 15 cm во дијаметар, не само што ја одсликува целата вилица, зглобовите, туку и сите важни анатомски структури на краниофацијалната регија (краниофацијални синуси, нерви и тн.). Одличната слика во 3D волумен и инкорпорираните програми за 3D имплант планирање и хируршки процедури (SICAT Софтвер), мошне сложени процедури, од комплицирани ендодонски третмани, па до одстранување на дентофацијални цисти, подигање на под на максиларни синуси, имплантолошки процедури придружени со вертикална и хоризонтална аугментација на коскено ткиво, ги прави помалку ризични и предвидливи!

На таков начин на нашите пациенти можеме во секое време да им го дадеме најдобриот совет за нивната дентална состојба, а сите процедури понатака можат да бидат претходно комплетно анализирани и испланирани, отстранувајќи ја секоја можност за компликација.

Закажете веќе од денеска прегледи и 3D рентгенографско снимање со што добивате уникатна можност за врвна дијагностика на вашиот дентален статус и најсовремено решение за вашиот проблем!