Општа Стоматологија

Општа Стоматологија подразбира превенција, дијагноза и третман на широк спектар на состојби, нарушувања и болести кои ги зафаќаат забите, непцата и максилофацијалниот дел од телото. Општите стоматолози обезбедуваат услуги поврзани со општото одржување на оралната хигиена и здравјето на забите.

Идеално, стоматологијата е превентивна. Сите здравствени организации препорачуват редовни посети на стоматологот (најмалку еднаш на секои шест месеци) за да се обезбеди правилна орална хигиена и функционалност. Редовните проверки и одржување на оралното здравје спречуваат развој на сериозни стоматолошки проблеми кои можат да бараат скапи третмани.

Општиот стоматолог

Вашиот општ стоматолог треба да работи со Вас за да развие персонализиран план за орална хигиена. Ова подразбира прегледи, чистење на забите, дијагностика и сѐ останато потребно за здравјето на вашите заби.

Вашиот стоматолог може да вклучи различни ресторативни процедури во развојот на сеопфатен план за третман што ќе помогне да се спречи кариес или болести на забите, устата, непцата и јазикот. Општите стоматолози исто така користат ресторативни стоматолошки процедури за да ги поправат ефектите од кариесот, траумата, дефектот или болестите во овие области на устата.

Иако обично се поврзуваат со превентивната и ресторативната стоматологија, многу стоматолози следат дополнителна обука за да обезбедат козметички услуги како што се избелување на забите и порцелански фасети за да ја подобрат насмевката и да ја зголемат самодовербата. Покрај општата стоматологија, сите естетски дополнителни услуги можете да ги добиете од Др. Целакоски и неговиот тим.

  • Oдстранување на тврди и меки наслаги (чистење забен камен и полирање)
  • Терапија на пародонтални заболувања (конзервативна и ласерска обработка на пародонтални џебови)
  • Залевање фисури
  • Заштитни мерки за зачувување на виталитетот на пулпата
  • Пломбирање со висококвалитетни нанокомпозитни материјали
  • РТГ дијагностика
  • Изработка на индивидуални заштитни гуми за бруксизам (Nightguard) и за спортисти
slider1-01.jpg